Парламентот „по кратка постапка“ ја отфрли иницијативата за референдум за образовните реформи

Парламентарната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ја отфрли иницијативата за референдум за учебниците, поднесена од граѓанската иницијатива „Книги и настава мора да има“. Претседателката на комисијата, Соња Мираковска, рече дека иницијативата е одбиена затоа што не била комплетна. Сепак, потсети дека прво треба да се соберат 100 потписи во Министерството за правда, потоа 10 илјади граѓански потписи.
Претставниците на граѓанската иницијатива изразија револт за ваквата одлуката на Комисијата. Рекоа дека остануваат на ставот за повлекување на предлог-законот за учебници.
Незадоволството во врска со законот родителите ќе го достават до канцелариите на ЕУ и УНИЦЕФ. Најавуваат и нови протести. По одлуката на Комисијата за политички систем, реагираше и македонската опозиција, од каде најавија дека наскоро ќе бидат собрани 10-те илјади потписи, а граѓаните своето право ќе го изразат на референдум.
Anesa Salihu