Парното луксуз за голем број на граѓани

Парно греењето и понатаму се смета за луксуз за одредени семејства. Некои од граѓаните што ги прашавме оценуваат не е во ред да се плаќа иста сметка, 12 месеци по ред, вклучувајќи ги и летните месеци кога парното не се користи. Има граѓаните кои велат дека за нив најповолно е да имаат договор за само 6 месеци од оваа услуга, други пак бараат алтернативни начини на греење.
„Поевтино е со струја отколку со парно…
„Не верувам дека ќе биде подобро… може да биде полошо, но подобро, тешко„, реагираат граѓаните.
Други граѓани се жалат дека има згради кои воопшто не се приспособени да имаат парно греење и покрај тоа што би сакале таква услуга.
Компанијата за снабдување со пареа и топла вода „Energy Ecolink“, која ја замени поранешната топлана Скопје-Север, веќе ја започна кампањата за враќање на граѓаните во системот. Според компанијата, колку повеќе се зголемува бројот на корисници, толку ќе биде помала висината на фактурите. Според некои информации, доколку се приклучи целата зграда, тогаш намалувањето на сметките би било за најмалку 900 денари.
Мелихате Рустеми