Партиите ги чекаат официјалните резултати од локалните избори

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во првиот круг од локалните избори, тврдејќи дека добила најмалку 20 градоначалници, иако официјалните резултати сѐ уште не се објавени. Исходот во трката за градоначалник во главниот град Скопје е нејасен, а вториот круг најверојатно ќе биде помеѓу актуелниот од СДСМ, Петре Шилегов и независниот кандидат Данела Арсовска, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Вториот круг треба да се одржи на 31 октомври.
Заев тврди дека ако се пресметаат гласовите на СДСМ и нивните коалициски партнери во централната власт, кои сега настапија самостојно, ќе се види дека „прогресивната коалиција“ има повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ. Заев очекува тие гласови во вториот круг да завршат за кандидатите на СДСМ и на крај СДСМ да има повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
Владиниот коалициски партнер на Заев, партијата на Албанците ДУИ, тврди дека нејзините кандидати веќе имаат тројца градоначалници. ДУИ, исто така, објави дека води во неколку други општини каде што мнозинството од населението се етнички Албанци.
Државната изборна комисија објави дека излезноста на локалните избори била 49 проценти. Конечните резултати се очекуваат денеска попладне.