МАКЕДОНИЈА

Партиите ги подготвуваат имињата на кандидатите за градоначалници

Македонските политички партии се подготвуваат да ги изберат најдобрите кандидати за градоначалници. ВМРО-ДПМНЕ ќе објави околу 85 отсто од кандидатите до крајот на овој месец. Како што најави пратеникот на оваа партија, Бојан Стојановски, не е исклучено во албанските општини да ги поддржат кандидатите на нивните партнери, односно на ВЛЕН.

Advertisements

За избори се подготвуваат и од СДСМ. Социјалдемократите велат дека започнале преговори со другите партии за меѓусебна поддршка, во зависност од општините.

Во албанскиот блок, политичките партии сé уште немаат објавено кандидати за градоначалници. Коалицијата Влен велат дека преговорите се при крај и тие ќе настап како единствен политички субјект со заеднички кандидати. Од Европскиот фронт нема информација дали имало преговори за поделба на општините. Од АА на Таравари подолго време најавуваат дека ќе се натпреваруваат со посебни листи за општински советници.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button