ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиите и кандидатите кои синоќа ги славеа победите на плоштадите како да ги заборавија мерките против коронавирусот

Дали се донесени протоколи за заштита од пандемија за да бидат почитувани од сите граѓани во сите околности? Потребата да се постави ова прашање се наметнува по ноќните прослави на политичките партии и нивните поддржувачи, без да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

Advertisements

Ако по многу прашања политичките партии постапуваат поинаку една од друга, за прекршување на протоколите сите постапиja исто.

Со тапани, ора и прегратки, рамо до рамо, стотина симпатизери на ДУИ се собраа пред партиското седиште во Кичево за да ја прослават победата на Фатмир Дехари за градоначалник.

Поинаква не беше ситуацијата ниту во Тетово, каде симпатизерите на Движењето Беса излегоа да ја прослават победата на кандидатот на оваа партија Билал Касами.

Прославата на победата на Арбен Таравари од коалицијата АА-ААА не изостана и во Гостивар, каде, како и во горенаведените случаи, се создаде впечаток дека правилата за заштита од пандемијата не важат во ситуации поврзани со изборите.

Без дистанца и без маски, стотици граѓани дојдоа во центарот на Куманово да ја прослават победата на Максим Димитријевски.

 Сите горенаведени мерки беа прекршени од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните кои се  гушкаа и играа рамо до рамо, создаддоа впечаток дека не живеат на место каде што во текот на денот биле регистрирани 349 заразени.

 Министерството за внатрешни работи е надлежно за санкционирање на лицата кои ги прекршуваат мерките за заштита од пандемии на отворени простори. Го прашавме ова одделение дали имаат изречено казни за прекршителите на мерките, но засега нема одговор.

 Evi Shkopi

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button