ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиите пред одлука – избори или уставни измени

Избори па уставни измени, ова во овој момент е најдоброто за државата, вели екс амбасадорот Андреј Лепавцов. Според него треба најпрво да се расчисти оваа политичка магла во земјава и да се види реалниот приказ на политичките сили во Македонија.

Advertisements

„И потоа да се направи еден нов приод и кон самите соседи и кон Европската комисија, која е официјален пишувач на таа преговарачка рамка што ни е најспорна. Ние треба да се водиме според тоа што е најдобро за нашата држава. За нашата држава најдобро е сега еден рефреш да направиме и да видиме кој е кој во оваа држава, да видиме кој има најголема политичка моќ и багаж за да направи било какви промени понатаму“, вели Лепавцов.

Со него се согласува и поранешниот амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев, кој смета дека се неприниципилени барањата на Бугарите.

„Не се работи дали Бугарите да влезат во Уставот, се работи за една камуфлажа. Тоа е врвот на ледениот брег, зад кој што се крие, прво во членот 5 од преговарачката рамка ревизија на македонската историја, тутурство на македонскиот образовен систем, трето промена на колективната меморија на Македонците. Тоа дури и за европски рамки е недозволиво“, вели Ѓорчев.

Новинарот Зоран Иванов смета дека е добро да се отвори процесот на усвојување на уставни измени, па потоа да се оди на избори.

„Уставните измени се носат во три фази.Така што можат да се отворат па да има избори, па да ги затвори новиот собраниски состав.Меѓутоа ова е можно само со претходен консензуален пакет, односно договор меѓу власта и опозицијата, нешто по примерот на пржинските договори, во комплетен договор со утврдени конкретни фази со датуми за уставни гласања, а тоа се три фази до завршувањето на уставната процедура“, смета Иванов.

Иванов додава дека Македонија и опшеството изгубиле премногу време, но оти сега тоа зависи од волјата на опозицијата и власта да најдат компромис.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button