МАКЕДОНИЈА

Партиите со меѓусебни обвинувања за инцидентот кај Скендербег

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека просторот каде што се случи инцидентот не бил доволно обезбеден од полицијата. Партијата на Мицкоски бара оставка од министерот Оливер Спасовски затоа што не ја штител безбедноста на демонстрантите, но бара оставка и од министерот Бујар Османи за, како што велат, заканите дека ќе има меѓуетнички инциденти.

Advertisements

Од СДСМ пак, возвраќаат дека инцидентот бил инсцениран од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ДУИ, инцидентот го поттикнала и реализирала коалицијата ВМРО – Левица – Алијанса за Албанците.

„Вчера и самите бевте сведоци на инцидент организиран од активисти на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за да продуцираат меѓуетнички инциденти. Албанците не се дел од овој конфликт. Институциите, Министерството за внатрешни работи, Обвинителството, преземаат чекори за откривање и поведување постапка против сите кои провоцираат инциденти, кои ги предизвикуваат и учествуваат во нив“, рече Артан Груби, ДУИ.

Претседателот Пендаровски апелира протестите да бидат мирни и ја осуди употребата на оружје од страна на цивили.

„Неприфатливо е користење на насилство и поттикнување насилство во политички цели. Настанот кој се случи вчера во Скопје не смее да се повтори бидејќи нема ништо позначајно од мирот и безбедноста на сите граѓани…. Упатувам апел до сите организатори на протестите, кои овие денови се одвиваат во Северна Македонија, да преземат одговорност и нивното демократско право да протестираат да продолжат да го практикуваат достоинствено и без насилство. Истовремено најостро го осудувам носењето и користењето на огнено оружје од цивили и граѓани на земјава, кои не се припадници на органите за безбедност“, нагласи Пендаровски.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button