ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиите со нова постава ќе се натпреваруваат на изборите во Тетово

Партиите со нова постава ќе се натпреваруваат на изборите во Тетово

13 кандидатски листи, во трката за советот на Тетово, на изборите на 20 август. Освен СДСМ, која е во коалиција со помалите партии, останатите субјекти ќе се натпреваруваат сами. Ќе има и две независни листи.

Advertisements

Политичките партии сменија речиси 99 отсто од имињата на лицата кои ќе се натпреваруваат за Општинскиот совет.

Листата на кандидати за советници на ДУИ ја предводи првиот човек на тетовскиот огранок Фатон Амети. Алијансата за Албанците, која исто така целосно ја промени својата листа, за носител на листата го назначи Абдула Османи.

Носител на листа на Движењето Беса ќе биде поранешниот претседател на Советот на општината Бесар Дурмиши.

Листата на ДПА ја предводи Висар Палоши, а на Алтернатива Фатон Селами.

„Подобро за Тетово“ и „Дај отпор“ се двете независни листи за Советот на Тетово. Елмедина Абдулаху на овие избори ќе ја предводи листата „Подобро за Тетово“, а Агон Заими е носител на листата „Дај отпор“.

„Како коалиција што е пријавена пред општинската комисија е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, додека другите партии се натпреваруваат на овие избори сами. Бројот на избирачки места останува ист, односно 117 избирачки места, додека избирачкиот список останува отворен до 20 јули, а во моментот на затворање ќе го знаеме точниот број на гласачи во нашата општина“, изјави Назми Даути, претседател на ОИК.

На 20 август во Тетово ќе може да гласаат околу 83.000 лица. Избори за Советот на општина Тетово се зкажаа откако не беше одобрена завршната сметка на буџетот до законскиот рок – 31 март, како што е предвидено со законот за локална самоуправа./Alsat.mk

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button