ВЕСТИСВЕТ

Партијата блиска до Путин, најверојатен победник на руските парламентарни избори

Владејачката партија Единствена Русија, поддржана од Кремљ, е на пат да постигне удобна победа во долниот дом на рускиот парламент, откако вчера заврши тридневното гласање проследено со нерегуларности и обвинувања за манипулирање со гласачките ливчиња.

По преброени речиси 64 проценти од гласачките ливчиња, Изборната комисија денеска соопшти дека Единствена Русија, која го поддржува претседателот Владимир Путин, освоила речиси 48 проценти од гласовите за новата Државна дума. Нејзиниот најблизок ривал, Комунистичката партија има околу 21 насто, а националистичката Либерално-демократска партија доби околу 8 проценти.

Потврдувајќи го мнозинството во новата Дума, генералниот секретар на Единствена Русија, Андреј Турчак, им рече на поддржувачите во седиштето на партијата дека победата е „чесна и чиста“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button