СВЕТ
Партијата за реформи на Најџел Фараж моментално е најпопуларна во Велика Британија

Партијата за реформи во Обединетото Кралство на Најџел Фараж има поголема поддршка од лабуристите и конзервативците, покажуваат најновите резултати од истражувањето на јавното мислење во Велика Британија.
Според „YouGov“, кој го спроведе истражувањето, партијата „Reform UK“ (Обединето Кралство) ја поддржуваат 25 отсто од испитаниците, лабуристите 24 отсто, а конзервативците 21 отсто, пренесува Гардијан.
Во Обединетото Кралство владата претежно ја имаат лабуристите и конзервативците, а актуелниот премиер Кир Стармер доаѓа од редовите на лабуристите.