
Почнуваат калкулациите за имињата на потенцијалните кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Потенцијален кандидат за општина Гостивар, според Арбен Таравар, би можел да биде Валбон Лимани, кој во моментов ја води оваа општина.
„Сè уште немаме дефинитивна одлука, треба да донесеме одлука во рамките на Влен и во рамките на Алијансата за Албанците, актуелниот градоначалник кој врши должност, мислам дека работи интензивно и многу добро и во анкетите што ги правиме гледам дека има висок кредибилитет во општина Гостивар и има реални можности да биде кандидат, но се уште не сме донеле дефинитивна одлука во Алијанса за Албанците и Влен”, рече Арбен Таравари – претседател на АА.
Градоначалникот на Тетово Билал Касами рече дека ВЛЕН ќе се натпреварува заеднички на изборите во октомври. Касами рече дека ВЛЕН има за цел да ги освои сите општини со албанско мнозинство.
„Разговараме со лидерите на коалицијата ВЛЕН за форматот како ќе учествуваме на локалните избори. Убеден сум дека на крајот од овој процес ќе имаме договор да учествуваме заедно, во сите општини каде мнозинството граѓани се од албанската заедница, но сеуште се разгледува можноста бидејќи се зборува за локални избори за општински кандидат и листи за советници. Исто така, за урбани општини и за рурални„, рече Билал Касами – Претседател на Беса, ВЛЕН.
Последните локални избори се одржаа во октомври 2021 година. Од 80 општини и Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата освои 42 градоначалнички места, како и главниот град со поддршката што и ја даде на Данела Арсовска како независен кандидат. СДСМ, пак, освои 16 општини, ДУИ 11. Алијанса за Албанците, Алтернатива и Беса, кои сега се дел од ВЛЕН, освоија вкупно четири градоначалнички места. Локалните избори ќе бидат осми по ред од осамостојувањето на државата./Алсат.мк
Авни Тахири