Партиски обвинувања за платите на вработените во култура
Партиски обвинувања за платите на вработените во култура

Од СДСМ продолжуваат со реакциите за доцнењето на платите на културните работници. Потенцираат дека извинувањето на министерот Љутков не вреди, бидејќи според нив Владата намерно ги омаловажува културните работници. Наместо зголемени плати согласно колективниот договор, вработените ги чекаа празниците без плата, подвлекуваат од СДСМ, опишувајќи го ова како срамен напад врз овие работници..
„СДСМ прашува, зошто не се почитува колективниот договор? Зошто културните работници се навредуваат од страна на институцијата што треба да ги штити? Ако Љутков ако не е способен да ги исполни обврските, нека си поднесе оставка. Ваквиот однос покажува целосна незаинтересираност на Владата за оние што ја носат културата на грбот„, велат СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат со нагласување дека од СДСМ не треба да глумат загрижени за културата, бидејќи според нив токму оваа партија ја претвори културата во партиско богатство и платформа за криминал.
„Јавноста добро памети кој ја газеше културата, кој ја претвори во мрежа на партиски вработувања и кој го користеше Министерството за култура како алатка за наградување на блиски личности и фаворизирани „уметници“. Во времето на СДС, од културата се делеа грантови без јасни критериуми, а дел од тие средства завршуваа кај лица блиски до партијата – дури и за проекти што никогаш не се реализираа„, велат од Вмро .
Синдикатот за култура пред неколку дена соопшти дека овој проблем се јавува секоја година во април, поради проблеми со усогласувањето на покачувањето на платите. Оттаму изразија разочарување од министерот за култура и најавија протести за вторник. Од Министерството за култура соопштија дека вработените заедно со покачувањата ќе ги добиваат платите во првите два дена од следната недела, посочувајќи дека причината за доцнењето е поради усогласувањето на платите со Министерството за финансии./Алсат.мк
Ајнур Бафќари