
Еден месец од бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој на 15 декември замина во приватни обврски во странство, но не се врати. Оттогаш, од Груби нема ни трага. За локацијата на Груби не знае ни Јавното обвинителство. Главниот обвинител Љупчо Коцевски неодамна изјави дека со оглед на тоа што има потерница по него, се надева дека Груби ќе биде фатен и екстрадиран.
Од друга страна, министерот за внатрешни работи Тошковски неодамна откри дека МВР има оперативни информации за тоа каде се наоѓа Груби и дека контактирале со надлежните служби на таа земја. Сепак, оваа информација, како што рече Тошковски, не е официјална. Иако властите не откриваат детали, политичките партии продолжуваат да се обвинуваат околу вината за неговите дела и неговото бегство. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ е виновна за постапките на Груби затоа што имала сознанија за се. Додека не се извинат за неговите постапки, не можат да кажат дека се дистанцирале, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во меѓувреме, СДСМ не реагираше на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за постапките на Груби. Од оваа партија пред неколку дена соопштија дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ му овозможиле на Груби да си замине како дел од договорите за соработка по изборите./Alsat.mk
Зекирија Хаџиу