Партиски реакции, пред седницата на Уставниот суд за законот за јазици
Партиски реакции, пред седницата на Уставниот суд за законот за јазици

Билал Касами од ВРЕДИ, во пресрет на подготвителната седница на Уставниот суд, која ќе се одржи на 20 март, вели дека Уставниот суд не треба да се занимава со политика, а посакува конечната одлука за овој контроверзен закон да биде во корист на Албанците и другите заедници.
„Посакувам Уставниот суд да донесе одлуки од аспект на ориентација за спроведување на истиот, и секако дека овој закон ќе биде практичен и спроведлив, и во интерес на Албанците и другите заедници како што беше целта на донесувањето“, рече Билал Касам, ВРЕДИ.
Прашањето за одлуката на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците опозициската ДУИ, го поврзува со локалните избори во октомври. ДУИ најавува политичка криза во случај законот да биде засегнат.
„Јас се изјаснив пред луѓето, имам многу средби со народот и реков дека ако се чепне Законот за јазикот, нема локални избори и не може да се постават кутии за одржување локални избори. Ако се чепне Законот за јазикот, и Законот за јазикот не е на Демократската унија за интеграција, Законот за јазикот е и на оние кои ќе се родат, се додека изгрева сонцето”, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.
Сепак, американската амбасадорка Ангела Агелер даде поддршка за работата на Уставниот суд токму во времето кога ДУИ најавува политичка криза. Во петокот, при посетата на Уставниот суд, таа ги охрабри судиите да не бидат под влијание на притисоци. „Кога ќе влезете на седницата, сите други улоги треба да ги препуштите на страна, а пред сè да бидете уставен судија“, рече амбасадорот пред судиите, според соопштението на Уставниот суд.
Ова не е првпат странските дипломатски претставници да бидат принудени да интервенираат со цел да не се ескалира влијанието на ДУИ во судството. Во јануари 2024 година, на средба во четири очи, шефот на интегративците Али Ахмети доби сгтуден туш од холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп предупредувајќи го за драстичниот пад на владеењето на правото две години по ред. Тој побара итен прекин на политичките притисоци врз шефот на Врховниот суд, Беса Адеми, бидејќи таквиот потег ќе предизвика силна реакција на Холандија како клучна земја-членка која може да одлучи за иднината во преговарачкиот процес на Северна Македонија со ЕУ./Алсат.мк
Суад Бајрами