МАКЕДОНИЈА

Патниот правец Струга – Ќафасан останува во тешка состојба


Сѐ уште нема реконструкција на патот Струга – Ќафасан кој поради пандемијата со Ковид 19 и затворањето на границата со Косово на Блаце е единствената алтернатива за граѓаните кои со своите возила патуваат кон Албанија. Министерството за транспорт и врски многу пати ветуваше дека ќе се поправи патот. Ова го ветува и новиот министер Благоја Бочварски, велејќи дека ќе биде запознаен со деталите од Јавното претпријатие за државни патишта.

Од Јавното претпријатие за државни патишта, иако во мај соопштија дека за десет дена ќе го распишат тендерот за реконструкција на патот, велат дека продолжуваат да работат на изработка на проектни документи.

„За делот Подмоље – Струга – Ќафасан со должина од 20,2 километри, ве известуваме дека санацијата е предвидена во годишната програма на претпријатието за 2020 година со средства од Европската банка за обнова и развој. Во моментов се работи на комплетирање на проектните документи. Очекуваме во текот на октомври 2020 година да биде објавен тендерот за избор на најповолен понудувач, по што ќе следи последната фаза, односно од крајот на годината градежните работи ќе започнат“, наведуваат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Од ова претпријатие истото го соопштија и во март годинава кога жителите од оваа област излегоа на протест. Директорот на ова претпријатие, Зоран Китанов, тогаш вети дека тендерот ќе биде објавен за 20 дена. Но, тоа не се случи ниту после шест месеци.

Мефаил Исмаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button