ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Булеварот пред Владата блокиран од автомобил и шатор!

Само за еден автомобил и еден шатор блокиран е патот до Владата на РСМ. Таму престојуваат веќе петти ден, откако почна протестот против францускиот предлог.
Протестите почнаа да стануваат порадикални од вторникот, додека синоќа ситуацијата ескалира со истрели од огнено оружје.
Власта и опозицијата продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за поттикнување тензии, а од овие настани се повредени десетици полицајци, а неколку лица се уапсени.