ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Патот Радишани-Стајковце кошмар за возачите

Патот Радишани-Стајковце кошмар за возачите

Вака страдаат автомобилите кои ја користат втората лента на патниот правец Радишани – Стајковци.

Advertisements

Возачите кои го користат автопатот од Радишани до Стајковци мора да ја користат или левата лента или помошната лента. Тоа е затоа што средната лента е речиси целосно уништена.

Ваквата ситуација на оваа патен правец трае со години. „Државни патишта“ се обидоа да покријат дел од дупките но тоа не е доволно. Директорот на компанијата „Државни патишта“, Коце Трајановски, за Алсат признава дека состојбата на овој патен правец не е добра. Планирана е реконструкција, но кога не се кажува

Како што информираше Трајановски, инфраструктурата е во тешка состојба и на излезот и влезот на Хиподромот, односно индустриската зона. Сепак, дури и кога ќе дојде време за целосна реконструкција на овој триаголник, Трајановски вели дека парите треба да се обезбедат преку долг или кредит./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button