Патот Тетово-Попова Шапка прооден, потежок пристап до селата на Шара

Снежните врнежи го отежнаа движењето на патот Тетово-Попова Шапка. Од раните утрински часови полициска патрола запрела автомобили кои се движеле кон овој правец.
„За разлика од утринава кога овој патен правец беше целосно затворен за сообраќај за лесни и тешки возила, сега Секторот за внатрешни работи Тетово пушта само лесни возила, но само со синџири, во спротивно ќе треба да се вратите назад“, пренесува репортерот на Алсат.
Уште потешко прооден е патот до селата од Шарската висорамнина. Од општина Тетово велат дека екипи за чистење биле на терен и ги чистат коловозите, но континуираните врнежи од снег го отежнуваат сообраќајот. Апелираат до возачите да не тргнуваат на пат без зимска опрема.
„Патиштата се проодни, но не во нормални, туку во тешки услови. Екипите за чистење на патиштата се на терен, но има континуирани врнежи од снег и според најавите на метеоролозите, врнежите од снег ќе продолжат и во наредните два-три дена, затоа апелираме до граѓаните да не излегуваат без зимска опрема, бидејќи да предизвикаат застој во сообраќајот“, рече Албион Алили – портпарол на општина Тетово.
Дебелината на снежната покривка на Попова Шапка надмина 50 сантиметри. Во долниот дел на Полог има и до 30 сантиметри снег.
Башким Сулејмани