Пациентите и денеска надиоа на затворени врати на хируршките сали
Пациентите и денеска надиоа на затворени врати на хируршките сали

Проблемите со компресорскиот систем на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ги затвори хируршките сали и ги оставо пациентите без термини за операција. Се уште не се знае кога ќе се отстранат дефектите, но во моментов на клиниките се прегледуваат само итни случаи опасни по живот. Пациентите со срцеви болести велат дека чекаат со месеци да дојдат до термин за операција и сега ги одложиле на неодредено време.
Пациент „Чекам повеќе од еден месец, лошо сум со срцето и белите дробови. Дали во текот на овој месец се плашевте дека ситуацијата може да стане полоша? Да, кога ја движам оваа рака се здрви бидејќи ми ставија стент и целото тело и нозете ми се здрвени.
Медицинскиот директор на Кардиохирургија, Марјан Шокаровски, кој беше разрешен вчера денеска не беше на работа. Рарешена беше и раководителката на Програмата за превенција од кардиоваскуларни заболувања Александра Ефтимова поради сомнение за злоупотреба на средства на клиниката за уплати од 700 евра дневно за експерти од Србија.
Специјализирани тимови излегоа на терен за да ги откријат проблемите со компримираниот воздух во хируршките клиники и другите установи, и за да видат зошто операциите не се реализираат. Во меѓувреме, се уште не се знае кога ќе биде вратена нормалната состојба со термините за операции, кои се одложуваат со недели.
Алсат го обезбеди договорот на Заеднички услуги поврзан со приватната компанија „Винора“, на која за одржување на овој систем и се исплаќаат 3 милиони денари годишно. Надлежните потенцираа дека кислородот и понатаму е неконтаминиран.
Директорот на „Заеднички служби“ на Универзитетските клиники во Скопје, Мирсад Ибраими е повикан на итен состанок во Министерството за здравство.
„ Договорните служби одговорни за одржување на системот за довод на воздухот на клиниките работат на база на компресори, кои информираат дека утре повторно ќе се чисти целиот систем за компримиран воздух од 18-те операциони сали, од кои некои лошо мирисат“, велат од „Заеднички услуги“ на Универзитетските клиники во Скопје.
Министерството за здравство го чека резултатот од анализата на компримираниот воздух од Германија, иако две домашни лаборатории покажаа дека воздухот е во нормални параметри, но лошата миризба гни загрижи надлежните. Моментално се опслужуваат со мали преносливи компресори, кои за време на пандемијата беа поставени за терапија со кислород и автоматска вентилација на интубираните пациенти со тешки здравствени состојби предизвикани од корона вирусот./Алсат.мк
Аднан Ќаили