Пациентите и граѓаните со месеци чекаат термин за магнетна резонанца
Пациентите и граѓаните со месеци чекаат термин за магнетна резонанца

Пациентите кои сакаат да закажат преглед за компјутерска томографија на Универзитетската клиника за радиологија ќе треба да чекаат повеќе од два месеци. Ова лесно се проверува преку системот „Мој термин“.
Компјутерската томографија е наменета за дијагностицирање на комплицирани фрактури на коските, откривање на тумори, скенирање на главата, мозочни удари, крварење во главата, скенирање на белите дробови и срцето и дијагностицирање на внатрешни инфекции.
Ситуацијата е речиси иста и во другите клиники во главниот град каде што се прават рендгенски снимки. Чекањето е од еден до два месеци, а во некои дури и нема слободни термини во следните три месеци
Министерот за здравство во заминување, Арбен Таравари, изјави дека за време на неговиот мандат во министерството, го зголемил времето на чекање двојно и дека времето на чекање е најкратко во Европа.
„Вршиме огромен притисок врз сите клиники и болници за лекарите да не закажуваат мал број термини. Но, ова е, има чекање, но ви кажувам со целосна одговорност дека чекањето во Македонија е помало од било каде во регионот, да не речам во Европа“, рече Арбен Таравари, министер за здравство во заминување.
Пациентите постојано се жалат дека треба да чекаат со месеци за да добијат слободен термин, а доколку имаат итна ситуација, треба да закажат прегледи преку врски./Алсат.мк
Линда Ебиби