ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пациентите на Онкологија се жалат на недостиг на терапии и термини за снимање

Пациентите на Онкологија се жалат на недостиг на терапии и термини за снимање

Откако чекаше со часови и не ѝ беше закажан термин за ултразвук, оваа госпоѓа на која ѝ  е дијагностициран рак на дојка, побара помош од новинарите за да ја добие услугата што ѝ следува на Онкологија. Чекајќи терапии и снимања, пациентите како неа се соочуваат со животозагрозувачки моменти.

Advertisements

„Имав операција на градниот кош, сега повторно крварам. Одам на лекар, не можат да ми најдат Ехографија да видат што се случува. Доаѓам три дена, ни приватно, ни државно. Нема термин. Како да ми помогнете? Ми велат да почекам 1 месец. Ќе ми пукне градниот кош од болки“, рече еден пациент.

И други пациенти кои боледуваат од рак се на милост и немилост.

„Кога гледате деца и млади ве боли срцето. За нас старите нема што да правиме. И да ми дадат термин барем еден месец, болеста не чека. Оваа болест не чека два месеца. Сега имам закажано за магнетна резонанца, ми рекоа на 12 декември и едвај успеав да го закажам тој термин“, додаде друг пациент.

Револтот е голем и кај пациентите од другите градови кои напразно доаѓаат. Понекогаш некои од нив велат дека трошат и по десетина илјади денари месечно за превоз.

„Треба на приватно, многу чинат и зависи каде. Минатата недела направив ЦТ со контраст во приватна болница за 57.000 денари. На друго место чинеше 22.000 денари“, рече еден пациент.

За термините за радиолошките прегледи, од дирекцијата на клиниката велат дека одговорна била електронската платформа „Мој термин“. Сепак, секој лекар специјалист, гледајќи ја здравствената состојба на секој пациент одделно, може да создаде итен и приоритетен упат.

„За ЦТ ми велат дека нема време до јануари-февруари, каде може да чека жената до тогаш. Има над 40 години. Ми велат дека докторот не е тука од понеделник. Зошто не работиш денеска? Бидејќи е петок“, изјави еден пациент.

Од управата на Клиниката за онкологија велат дека терапиите се обезбедени и ќе стартуваат од понеделник. Но, поради недостиг на некои видови терапии веќе неколку месеци, оние кои доаѓаат не успеваат да ги услужат сите потреби на пациентите./Alsat.mk

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button