ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пациентите со механичка потпора на срцето од државата бараат современи лекови

Министерството за здравство не одговара на барањата на лицата со механичка потпора на срце за набавка на нови и современи лекови. Од Здружението Храбро срце велат дека во Македонија се употребуваат лекови со формули стари и по 50 години. Бараат државата да набави модерни лекарства, како што е лекот „ентресто“. Поради ова велат дека биле принудени да одат во странство за да ги набавуваат.

Advertisements

„Не споменуваат дали ќе продолжиме да плаќаме надомест за партиципација за нашите здравствени услуги што ни се пружаат или не. Ова наликува повторно на одолговлекување на проблемите и купување ситни дневно-политички поени, што не е во ред. Не сакаме да го политизираме случајот“, вели Васко Јолески-претседател на Храбро срце.

Од Здравство само велат дека сите вакви пациенти се ставени на листа за чекање за трансплантација на срце.

„Изборот на приматели на срце, кога има донор, се прави по зададени клинички критериуми согласно европски протоколи…“,, наведуваат од Здравство.

„…Ние не негираме дека некои од пациентите со механичка потпора се на листите, но не гледаме надеж бидејќи ниту еден пациент досега не е трансплантиран и не се спомнува дека ќе се трансплантира“, додава Јолески.

Овие пациенти, 20-тина на број, со години живеат со вградена пумпа на срцето која работи на батерии. Велат дека барем и еден пациент досега да добил ново срце, ќе имале надеж дека работите ќе се променат.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button