ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пациентите со рак се сретнаа со обвинители кои се занимаваат со предметот Онкологија

Пациентите со рак се сретнаа со обвинители кои се занимаваат со предметот Онкологија

Околу 70 пациенти заболени од рак немаат примено соодветна биолошка терапија. Ова денеска го потврди Ана Марјановиќ, пациентка која по средбата со надлежните обвинители од предметот Онкологија, рече дека станува збор за резултати од извршени испитувања на сите пациенти кои примале биолошка терапија или требало да примаат биолошка терапија во текот од 2018 година до 2023 година. Според Марјановиќ, дел од овие пациенти веќе починале.

Advertisements

Истото го потврди и Јавното обвинителство.

„Разгледани се медицинската евиденција на сите онколошки пациенти кои примале биолошка терапија во период од 5 години, при што техничките истражувачки советници ги истакнаа историите со одредени сомнежи за методот на лекување. Од сите разгледани истории, 65 беа селектирани, доставени и анализирани од експерти во Словенија и Србија. Словенечките експерти потврдија несоодветно лекување кај 29 пациенти, а српските кај 18 дополнителни пациенти “,  велат од Основно јавно обвинителство.

Обвинителството ќе контактира со пациентите кај кои во стручните извештаи било утврдено несоодветно лекување или нивните законски застапници со цел да ги информира и да им укаже на нивните права како оштетени Двајцата поранешни директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухиу, се обвинети за злоупотреба на службената положба, измама и недолично однесување. Со овие дејствија тие се стекнале со имот и го оштетиле државниот буџет за над 2,2 милијарди денари. Во овој случај, вклучени се тројца онколози за несоодветен третман на пациентите. На двајцата директори им е одредена мерка куќен притвор, додека Обвинителството се жалеше на оваа мерка, барајќи нивен притвор./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button