Пациентката заболена од хеморагична треска почна со примање на специфичната терапија

Пациентката заболена од хеморагична треска е континуирано следена од лекари, бидејќи синоќа за прв пат било забележано слабо крварење. Директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стефановиќ, рече дека поради крварењето, лекарите се повнимателни.
Стефановиќ рече дека пациенката заболена од вирусот почнала да го користи лекот Рибавирин. Таа подвлече дека овој лек може да има несакани ефекти, затоа при континуираното лекување во близина на пациентот има трансфузиолог и хематолог.
Прашана дали 27 годишната девојка можела да биде спасена доколку се имал лекот, Стефановиќ рече дека пациентката од Штип починала само неколку часа откако била дијагностицирана и не можела да се спаси. Рибавирин, рече таа, не го складира ниту една земја, туку лекари и организации кои се занимаваат со овие епидемии и помагаат кога ќе се јават вакви случаи.
Ајнур Бафќари