

Алсат
31.07.2020 08:19
На самиот почеток на бременоста до 14-тата недела може постојано да се чувствувате лошо или пак со нагони за повраќање.
Докторите препорачуваат со себе да носите витамин Б6 што ќе ви послужи и до крајот на третиот месец од бременоста.
Доколку се подготвувате за одмор за време на бременоста најдобро е да направите план за сите работи кои ќе ви се потребни, а се поврзани со вашата блажена состојба.
Еве неколку корисни совети од стручните лица…
Доколку имате проширени вени или пак отекување на нозете при патување со авион на подалечни дестинации, добро е да носите гел или маст која може да ја користете за време на патувањето со лесно масирање со врвот од прстите. Овој тип на креми може да се нанесуваат до 2 пати во текот на денот, наутро и навечер.
Ако постојано чувствувате нагони за повраќање во текот на вториот месец од бременоста најдобро е да си понесете антациди во облик на таблети за џвакање кои може да ги конзумирате три пати во текот на денот, 1-2 часа по јадење или пред спиење.
Дополнително во вашиот несесер може да понесете и пробиотик кој е важен при промена на климата и на храната. Доколку дојде до непријатна состојба на стомакот како дијареа, пробиотикот за кратко време ќе ви го врати балансот на телото.
Наспроти дијареата, стомакот исто така може да има и спротивна состојба при промената на храната и климата кај трудниците, поради тоа не е лоша идеја да си понесете и апчиња за оваа состојба на стомакот. При тоа консултирајте се со доктор со оглед на вашата состојба.
Ако сте личност која честопати страда од болка на главата, парацетамол е лек безбеден за време на бременоста и задолжително понесете го со себе. Одличен е и за спуштање на температурата, но секако не е замена за преглед доколку имате потреба од тоа.
Антибиотик не користете на своја рака, без консултација со докторот кој ја води вашата бременост. Одбегнувајте ибупрофен, особено ако сте влезени во 24-тата недела од бременоста.
Еден од честите проблеми за време на бременоста е измената на секретот, може да биде засилен или пак може да го промени мирисот и да создава непријатност- болка при сексуален однос или морекење, чешање па дури и ризик од предвремен породување.
За да ја намилите можноста од инфекции, со себе понесете средство за интимна хигиена и одбегнувате употреба на обичен сапун кој често знае да предивика и инфекција.
Ако често имате вагинални инфекции советувајте се со вашиот гинеколог за користење на конкретни вагиналети.
Ако користите витамински додатоци понесете доволно за целиот одмор.
Не заборавјте да понесете крема за сончање со голем заштитетн фактор и истото не значи дека треба постојано да сте изложени на сонце. За време на бременоста трудниците не е пожелно долго да се изложени на сонце со оглед на тоа дека на телото му е потребен одмор.
Не е потребно да претерувате со активности за време на вашиот одмор, не се заморувајте многу и внесувајте многу течности. Доколку можете избегнете го сонцето од 11-17:00 часот а исто така сауна и џакузи.