СПОРТФУДБАЛ

Паулиста е нов играч на Бешикташ

Бразилскиот дефанзивец Габриел Паулиста е нов играч на Бешикташ, потврди турскиот клуб. Паулиста во Бешикташ пристигна од Атлетико Мадрид, на кој му се приклучи во јануари оваа година.

Паулиста потпиша тригодишен договор со Бешикташ и како што се наведува во првите две сезони ќе заработи 2.120.000, додека за третата сезона ќе добие 10.000 евра помалку.

Бешикташ плати отштета од еден милион евра за бразилскиот дефанзивец. Паулиста ја започна својата сениорска кариера во Виторија, го носеше дресот на Виљареал, потоа Арсенал, па Валенсија и на крајот Атлетико.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button