ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Павле Трајанов бара графа за крвна група во личните карти

Во дел од измените во Законот за лични карти, пратеникот Павле Трајанов вели дека треба да се вклучи и уште една промена. Во нив да се стави и графа за крвната група на сопственикот. Постојат повеќе причини за тоа, вели тој.

Трајанов вели дека за ова прашање треба да се консултираат експерти, додавајќи дека во регионот и пошироко има земји со ваква практика.

Крвната група на граѓаните во моментов е наведена само во возачките дозволи. Од земјите од регионот на личните карти таа ја има само во Босна и Херцеговина. Во земјите на ЕУ таа не фигурира, а во САД крвната група се наведува само ако тоа го побара самиот граѓанин. Законските измени за личните карти кај нас сè уште не се влезени во собраниска процедура. Преку нив, Министерството за внатрешни работи бара усогласување на јазикот што се користи во личните карти со Законот за употреба на јазиците.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button