ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Павлина Црвенковска избрана за претседател на Судскиот совет

Павлина Црвенковска е нов претседател на Судскиот совет. Членовите ја избраа едногласно и како единствен кадидат. Црвенковска е релативно непозната за јавноста. Во ова тело беше избрана на 16 – ти декември лани со 61 глас, поддржана од СДСМ и ДУИ. Црвенковска тврди дека нејзиниот избор не е политички иако од 2004 – та до 2006 – та година беше член на владата на СДСМ и ДУИ на позиција државен советник.

Advertisements

„Мислам дека е грубо да се инсинуира дека заради тоа што во одреден дел од мојата кариера јас сум работела во орган на управата и дека заради некои политички влијанија јас сум таму каде што сум. Не. Јас сум тука затоа што поседувам личен и морален кредибилитет и големо искуство посбено во правосудните органи“, изјави Црвенковска.

Паралелно со изборот на претседател во Судскиот совет, течеше и постапка во Уставниот суд. Уставните судии одлучија да поведат постпка за условот во Законот за Судски совет кој предвидува, дека за претседател може да се избере само член кој е избран во Собрание политички, додека членовите од редот на судиите не ја имаат таа можност. Ја прашвме Црвенковска, зошто не почекале прво да се произнесат колегите од Уставен.

„Ние немаме сигурна информација за таа иницијатива. Никој до Судскиот совет не се обратил со поднесок дека постои таква иницијатива пред Уставниот суд. Од неофицијални информации и ние знаеме дека постои таква иницијатива“, додава Црвенковска.

Мандатот на Црвенковска ќе трае две години. Ќе го наследи Киро Здравев кој денеска не присуствуваше на седницата оти е во изолација. Црвенковска им порача на судиите да работат професионално и чесно и така ќе имаат сојузник во Судскиот совет но и најави разрешувања за оние судии кои ќе бидат непрофесионални и нестручни.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button