ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Павлова: Важно е да се зачува поддршката кон ранливите категории

Павлова: Важно е да се зачува поддршката кон ранливите категории

Важно е да се зачува поддршката особено кон граѓаните со ниски приходи кои поголем дел од својот буџет го трошат за храна и енергија и кон компаниите кои се најпогодени од најновиот шок предизвикан од руско-украинскиот конфликт, порачува потпретседателката на Европската инвестициска банка одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова во интервју за МИА.

Advertisements

Во интервјуто направено во пресрет на нејзиното доаѓање во земјава по повод 30-годишнината од монетарната самостојност, Павлова оценува дека покрај ценовните ефекти од руско-украинскиот конфликт, некои држави од Западен Балкан како што се Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија може да бидат дополнително погодени бидејќи се главно зависни од рускиот гас. Многу е веројатно, вели Павлова, дека ценовните притисоци ќе бидат поупорни од претходно предвидените.

– Друг важен канал е трговијата, каде што иновативните и побрзо растечките фирми најверојатно ќе бидат повеќе погодени. Конечно, приходите од туризмот од Русија се релевантен извор на приход, особено за Црна Гора. Севкупно, многу е веројатно дека ценовните притисоци ќе бидат поупорни и повисоки од претходно предвидените и затоа би сакала повторно да ја изразам мојата поддршка за политичките мерки што ги штитат најранливите, вклучително и бегалците, вели Павлова./MIA

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button