МАКЕДОНИЈА

Пазарен инспектор од Струмица осомничен за примање поткуп

Притвор од 30 дена му одредил Основниот суд во Струмица на струмичанец, по предлог на јавен обвинител, за кој постои основано сомнение дека како помлад пазарен инспектор во два случаи примил поткуп.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик.

„Како службено лице – помлад пазарен инспектор, осомничениот струмичанец во два наврати директно побарал и примил парични средства од лица од Радовиш за да не изврши службени дејствија што морал да ги изврши“, велат од Обвинителството.

Оттаму посочуваат и дека во првиот случај, при инспекциски надзор на 13 јуни, констатирал дека правен субјект нема регистрирано занаетчиска дејност, но за да не го констатира прекршокот од сопственикот побарал и примил 100 евра.

„На 17 ноември, во деловен простор затекнал две лица кои вршеле берберска дејност без да бидат запишани во занаетчискиот регистар и од нив исто така побарал 100 евра за да не го констатира прекршокот на записник. Бидејќи тие во моментот немале толку пари кај себе, тој уште двапати се вратил во дуќанот и од нив примил по 3 000 денари“, објаснуваат од Обвинителството.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомничениот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button