Пазарите во Тетово полни со луѓе кои не ги почитуваат препораките

Пазарите во Тетово и понатаму остануваат места со најголема фреквенција на движење на жителите, зголемувајќи го ризикот од ширење на вирусот. Мерките генерално не се почитуваат. Вообичаено гужвата е најголема во четврток, кој е пазарен ден.
За разлика од пазарите, каде фреквенцијата на луѓе е масовна и мерките воопшто не се почитуваат, бројот на оние кои ги посетуваат банките во последните два дена почна да се намалува.
Од кризниот штаб во општина Тетово велат дека на утрешниот состанок ќе се разговара за евентуално затворање на пазарот во четвртоците.
„Со оглед на непочитувањето на мерките и апелите на здравствените установи за држење растојание и носење маски, доколку овој феномен продолжи на пазарите во земјава, може да се донесе одлука за затворање на пазарот во четврток“, велат од Кризниот штаб.
За разлика од кризниот штаб, од Институтот за јавно здравје во Тетово бараат зголемување на контролите за да се почитуваат мерките, а пазарите да не се затвораат.
За неносење маски, во последните 24 часа СВР Тетово казнило 110 граѓани. Во истиот период, во тетовско-гостиварскиот регион биле донесени 97 нови решенија за изолација.
Башким Сулејмани