ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пазарниот Инспекторат забележал покачување на цените на основните прехранбени производи до пет отсто

Пазарниот Инспекторат забележал покачување на цените на основните прехранбени производи до пет отсто

Пазарниот Инспекторат забележал покачување на цените на основните прехранбени производи до пет отсто кај малопродажните трговци, додека големопродажните трговци ги вратиле цените што ги имале пред одлуката за ограничување на маржите и замрзнување на цените, кои завршија на 30 април годинава. Овие наоди произлегуваат од инспекции спроведени во над 1.000 продажни места, а за сето тоа е информирано и Министерството за економија.

Advertisements

Во последните седум месеци, Пазарниот инспекторат спровел и над 2.000 инспекции во угостителски објекти, при што се казнети 879 објекти, а издадени се 79 решенија за привремена забрана за вршење дејност.

Во однос на почитувањето на законот за забрана на пушење во затворени простории, од 1.104 извршени инспекции, казнети се 151 објект./Алсат.мк
Линда Ебиби

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button