Педијатри: Ниту едно дете од Охрид нема да остане непрегледано

Десеттина деца од Охрид за само три дена побарале лекарска помош во детското одделение во Струга, откако охридското поради недостаток на педијатри,сега работи само како обична амбуланта. Но поради ограничениот капацитет со кој располагаат и во Струга, од само 18 кревети,ќе биде тешко да се опслужат сите пациенти,предупредуваат лекарите..Доаѓа период на сезонски грип,а се поприсутен помеѓу помладата популација е и Ковид 19.
„Физички можеби ќе ни биде потешко, но деца се во прашање, сигурно нема да ги оставиме не згрижени. И Струга е како регион со детска популација голем.И без тоа имаме ние зголемен капацитет, во тие сезонски грипови и во летен период кога се тука туристите. И нашиот капацитет физички е ограничен за да можеме да одговориме со ротирање и работа во Охрид“, изјави Нада Колоска-педијатар во општа болница во Струга.
Од струшката болница велат дека ќе се обидат сите пацинети да бидат прегледани и хоспитализирани.
„Се случува за 24 часа, да поминат скоро педесет деца. За викенд и за празници таа бројка знае да се дуплира,но засега сме во состојба да излеземе во пресрет и на охридските пациенти. Дали ќе издржиме јануари и февруари,времето ќе покаже.Ние имамвме иста ваква патологија на лето, кога беа туристите и печалбарите, по 150 прегледи за 24 часа,па издржавме“, рече Вулнет Бектеши-педијата.
Педијатрите од Струга, предупредуваат дека и Струга за неколку години може да ја снајде истата судбина како Охрид.Од вкупно шест педијатри,овде тројца се пред пензија.Двајца од нив го опслужуваат оделот за неонантологија, а имаат само двајца специјализанти.За време на викендите дежура само по еден лекар. Дополнително во Струга доаѓаат пациенти и од Дебар.
Мики Трајковски