СПОРТ

Педро Родригез влезе во историјата на италијанското дерби

Офанзивниот играч за врска на Лацио, Педро Родригез влезе во историјата на италијанското дерби, благодарение на голот постигнат во 19-та минута од првото полувреме, против Рома. 34-годишниот Шпанец, стана третиот играч кој постигнал гол во дербито на италијанската престолнина и тоа со две различни дресови со екипите од Рим.

Педро постигна гол во последното дерби, со дресот на Рома, во победата од 2:0 на 15 мај 2021 година. Пред него, само Александар Коларов и Арне Селмосон, забележаа такво нешто. Коларов постигна гол со дресот на Лацио во 2009 година, а потоа со дресот на Рома погоди во два наврати, во 2018 и 2019 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button