Пегула е во одлична форма, го потврди првото место во групата

Џесика Пегула покажа дека е во одлична форма на ВТА завршниот турнир. Американката во Канкун го потврди првото место во групата и триумфира против Мариа Сакeри со 2-0.
За час и 20 минути Пегула го доби дуелит против грчката ривалка. Првиот сет беше решен побргу, за 38 минути, иако двете тенисерки беа несигурни. Пегула загуби два гема на свој сервис, ама одзеде дури четири и со 6-3 дојде до предност. Во вториот сет Сакeри успеа да направи еден брејк, но губејќи три со 6-2 капитулира и третпат на овој турнир.
Пегула како првопласирана со максимални три победи оди во полуфинале, додека дуелот на Арина Сабаленка и Елена Рибакина беше прекинат во вториот сет, при предност на белорусинката од 1-0 и водство на Казахстанката од 5-3 во гемови. Дуелот ќе се доигра денес и ќе го даде вториот патник меѓу четирите најдобри.