ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Пекарите се заканија со прекин на производството и испораката на леб

Производителите на леб по денешниот состанок излегоа со соопштение дека донесле одлука за престанок на производството и испораката на леб во моментот кога најавената мерка од министерството за финансии, за замрзнување на цената на лебот на 33 денари, ќе стапи во сила.

Advertisements

„Денеска се донесе одлука, едногласно и заедно со другите Комори кои присуствуваа на состанокот, дека дента, кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цените во Службен весник, од наредниот ден нема да се произведува леб и да се носи на пазарот“, рече Горан Малишиќ, претседател на групацијата за мелничко-пекарската индустрија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button