ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Пекевски за случајот со Алсат: Буквален „нон-сенс“, 8-те проценти доверба во судството кажува сѐ!

Консултантот за бизнис, Синиша Пекевски како буквален „нон-сенс“ го оценува случајот со телевизија Алсат во кој дел од имотот на телевизијата, купен со чисти документи, Апелација решава да оди на продажба со образложение дека тој некогаш бил под хипотека.

„8-те проценти доверба во судството кажува сѐ! Тотално неспособни и некадарни кадри раководат со институциите. Да се дозволи ова, да купите нешто, со чисти документи и некој да дојде после и да ви каже дека не е ваше, пу-пу, згрешивме, едноставно немам коментар. Уставно загарантирано право е правото на приватна сопственост. Каква порака праќате и на граѓаните и на институциите и на инвеститорите…ова е буквално нон-сенс“, вели Пекевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button