СПОРТФУДБАЛ

Пеколен план на Баерн, сака да ги спои Вирц и Мусијала на „Алијанц Арена“

Баерн Минхен планира да испрати понуда за Флоријан Вирц по завршувањето на сезоната, тврди „Билд“. Баварците сакаат да го спојат тандемот на играчот за врска на Баер Леверкузен и Џамал Мусијала од националниот тим и на „Алијанц Арена“.

Advertisements

Се очекува Баерн да се соочи со сериозна конкуренција за потписот на Вирц од клубови како Реал Мадрид, Манчестер Сити и Арсенал.

„Топчиите“ го следат офанзивниот играч од средниот ред уште од времето кога играше за младинскиот тим на Келн. Според извори од Германија, Реал Мадрид е фаворит за потписот на Флоријан Вирц. Самиот Вирц изразил желба да се приклучи на клуб кој има реални шанси да ја освои Лигата на Шампионите, што ќе му даде можност да се бори за „Златната топка“.

Баер Леверкузен постави цена од 150 милиони евра за германскиот репрезентативец.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button