ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пеколни температури-од утре портоколова фаза на цела територија

Топлотниот бран од денеска го активира портокаловиот аларм во некои региони на земјата, а од утре  портокалова фаза се воведува целата територија на државата. Дирекцијата за хидрометеоролошки работи најавува температури до 40 степени Целзиусови, но во градовите  нема да биде пониски од 30 степени. Владата на последната седница препорача бремените жени и лицата постари од 60 години  да бидат ослободени од работа во периодот од денеска до недела, 23 јуни.

„Ослободување од работни обврски за најранливите групи од населението, и тоа: бремени жени и лица над 60 години;
– Физичка активност
да не се практикува во установите за згрижување на деца (градинки) и децата да не се изнесуваат во периодот од 11:00 до 17:00 часот“, рекоа од Владата.

Владата понатаму препорачува единиците на локалната самоуправа и центрите за социјални прашања да обезбедат помош за лицата на кои им е потребна помош.

„Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени од топлотниот бран, да обезбедат помош на осамени, стари, немоќни, бездомни лица;

– Имајќи го предвид фактот дека некои опасни производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, работодавачите се потсетуваат на обврската да ги почитуваат законските прописи од оваа област“, додаваат од Владата.

Препораките на Владата уследија по најавите од Дирекцијата за хидрометеоролошки работи и препораките од Институтот за јавно здравје, а се во насока на намалување на ризиците од високите температури.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button