Пеколни температури во Европа; Шпанија, Португалија и Франција се во состојба на готовност
Пеколни температури во Европа; Шпанија, Португалија и Франција се во состојба на готовност

Со температури кои достигнуваат до 42 степени, Европа е зафатена од топлотен бран. Шпанија предупреди на екстремни температури на југот од земјата. Метеоролошката агенција апелираше за зголемена внимателност. И Португалија е во состојба на готовност. Во Франција, властите во Марсеј одлучија јавните базени да бидат бесплатни, за да им помогнат на граѓаните полесно да се справат со медитеранската жештина.
Во Италија, посебно Сицилија и Лигурија ја забранија работата на отворено за време на најжешките часови. Синдикатите бараат оваа мерка да се спроведе и во други региони. Во Обединетото Кралство, властите издадоа предупредувања за екстремна жештина и овозможија бесплатен влез во јавните базени..
На Вимблдон е активирано правилото за пауза поради горештините. Во Германија е зголемено нивото на тревога од шумски пожари и се активира национален план за заштита од загуби на животи поврзани со високите температури. Во Швајцарија е издадено портокалово предупредување за високи температури во неколку кантони. По рекордните температури, властите во Белгија предупредија за ризик од пожари и можни прекини на електричната енергија поради преоптоварување. Во Ирска се издадени предупредувања за штедење вода и мерки за заштита од горештини по ненадејното зголемување на температурите во јуни.