ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пеливанов ќе ја менува Русковска

Пеливанов ќе ја менува Русковска

Обвинителот Трајче Пеливанов ќе раководи со Обвинителството за организиран криминал и корупција до изборот на нов шеф на оваа единица или до враќањето на Вилма Русковска во случај дисциплинската постапка против неа да биде прекината. Пеливанов е избран за шеф со едногласна одлука на Советот на јавни обвинители, предложен од главниот обвинител Љубомир Јовески. И покрај гласањето, дел од членовите имаа свои дилеми за правото Обвинителството за борба против организираниот криминал да има вршител на должноста. Ако Русковска ја добие битката со дисциплинската постапка, Пеливанов нема да биде вршител на должноста.

Advertisements

„Сметам дека нема да ги повредиме правата на никој што е инволвиран во овој случај, ниту на суспендираната обвинителка, ниту на првиот заменик, ниту на трето лице. Тоа обвинителство мора да има стабилно раководство, особено во овој период“, рече Љубомир Јовески, главен обвинител.

Членот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев, рече дека Законот за јавно обвинителство утврдува дека на именување на в.д мора да му претходи разрешување на прелиминарниот обвинител.

„Доколку на јавниот обвинител му заврши мандатот, му престане функцијата или биде разрешен, Советот избира в.д. Неизбежен услов е обвинителот да биде разрешен. Ако сакаме мерката суспензија да се спроведе во друга мерка“, изјави Коле Штерјев, Член на Советот на јавни обвинители.

Членовите не се согласија избраничката на Вилма Русковска, Ивана Трајчева, да остане шефица, бидејќи е вклучена во истата дисциплинска постапка со неа. Доколку Русковска ја загуби битката со правдата, Советот на јавни обвинители треба да распише конкурс за нејзиното место. Изборот го вршат обвинителите на државно ниво преку гласање. Победува оној со најмногу освоени гласови. Трајче Пеливанов беше еден од обвинителите во тимот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button