ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Австрискиот амбасадор има право и обврска да ги штити интересите на својата земја

Го следам случајот и слушнав коментари дека австрискиот амбасадор наводно се меша во нашите внатрешни работи. Но, тука не станува збор за никакво мешање во нашите внатрешни работи, оти секој амбасадор има легитимно право и обврска да си ги штити интересите на својата земја.

Advertisements

Вака претседателот Стево Пендаровски денеска ја искоментира вчерашната реакција на австрискиот амбасадор во земјава Георг Вуцас, кој истакна дека фирма од Австрија не може да си наплати 4,5 милиони евра долг од зетот на Заеви.

„И нашите амбасадори кои ја претставуваат нашата држава во странство имаат обврска да ги штитат интересите и на приватните бизниси на нашите граѓани во странство, а не само на институциите. Вчера видовме реакција и од поранешниот премиер Зоран Заев кој упати на институционална разврска, па очекувам македонските институции кои се единствено надлежни да утврдат дали навистина имало непочитување на меѓународна арбитража“, рече Пендаровски.

Австрискиот амбасадор вчера, преку допис до медиумите, на невообичаено директен начин упати критики до македонското правосудство затоа што австриска компанија не може да наплати отштета од фирма во земјава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button