МАКЕДОНИЈА
Пендаровски: Бадентер е сѐ уште потребен во државата

Претседателот Пендаровски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, рече дека принципот Бадентер сѐ уште е рано да се укинува, бидејќи, како што оценува, тој сѐ уште е потребен во државата.
„Моја лична проценка е дека Бадентер е сѐ уште потребен во државава затоа што има цели ‘џебови’ во државната администрација, која брои над 130 000 луѓе каде што не постои рамномерна или правична застапеност, особено, тоа се тие, ги нарекуваме внатрешни Бадентери, или внатрешна правична застапеност во една организација. Мислам дека за Бадентер ќе има уште простор да биде аплициран. Далеку сме од моментот кога ќе речеме дека Бадентер ја заврши својата работа“, вели Пендаровски.