МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одложено дејство на уставните измени е нереално

Се случува промена во генералната слика во однос на уставните измени, со оглед на тоа што главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, претходно воопшто не сакаше да разговара за можноста да се смени Уставот, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција во Скопје со неговата словенечка колешка Наташа Пирц Мусар. Пендаровски нагласи дека промена на ставот на опозицијата бил видлив по лидерската средба, а во однос на еден од условите на ВМРО-ДПМНЕ за одложено дејство на уставните измени, рече дека тоа е нереално барање, со оглед на тоа што заклучоците на Советот на ЕУ се кристално јасни – уставни измени па одржување на втората меѓувладина конференција и отворање на кластерите.

Advertisements

-Главното барање е малата бројка на бугарско национално малцинство да биде дел од Уставот. Неодамна се одржа лидерска средба, на која се сретнаа највисоките претставници од власта и опозицијата и тука лидерот на најголемата опозициска партија изрази подготвеност да влезе во Владата и да гласа за уставните измени, со тоа што се разбира постави други предуслови, кои до моментов не се решени, но тоа е знајачна промена во однесување на опозицијата од која зависи двотретинското мнозинство, рече Пендаровски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button