Пендаровски: Да излеземе во пресрет на младите за да се намали одливот на стручни кадри

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на програмата „Млади менаџери и деловни лидери“, која се одржува под негово покровителство.
Тој во своето обраќање порача дека треба да сме горди што во нашата држава имаме млади кои не запираат само на степенот на своето формално образование, туку имаат желба да продолжат со учење, да ги прошируваат своите интелектуални хоризонти и да ги усовршуваат своите вештини и таленти.
– Програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“ оваа година ја продолжуваме со проширен состав на учесници, што сведочи дека сме успеале да го поттикнеме вашиот интерес, но и дека минатогодишните учесници покажале квалитет, рече Пендаровски, додавајќи дека само заедница на граѓани со отворени умови има перспектива за развој и напредок.
Колку повеќе учиме, рече тој, толку повеќе и даваме шанса на нашата креативност и доаѓаме до нови идеи и до иновации кои не движат напред.