ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Дијалогот со Софија е на самиот почеток, далеку сме од решение

Со новите Влади во Скопје и Софија се чувствува нова енергија, но станува збор за почеток, за иницијална фаза, оценува претседателот на државата Стево Пендаровски. Според него далеку се двете земји од постигнување договор.

Advertisements

-И јас како претседател ќе дадам свој придонес за овој процес и за помалку од месец ќе се сретнам со претседателот на Бугарија, Румен Радев, рече Пендаровски.

Сѐ повеќе анкети покажуваат дека опаѓа поддршката за евроинтеграцијата кај македонските граѓани, кажа претседателот Стево Пендаровски на тркалезната маса на Советот на амбасадори, посветена на темата за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Тој додаде дека земјава платила висока цена за своите аспириции.

-Таа цена ќе расте. Ние годинава ќе навршиме 17 години со статус кандидат за членство. Се приближуваме до негативниот рекорд на Турција, бидејќи од 2005 година ним им се замрзнати преговорите, рече Пендаровски.

Шефот на државата кажа дека се испраќаат позитивни тонови и заложби од страна на Германија и Франција за македонската евроинтеграција.

-Франција настапи со поинаква реторика. По мојата процена, по последните два настапи на францускиот претседател, беше јасно истакнато проширувањето со земјите од Западен Балкан, што е добро, додаде Пендаровски.

Според него одлична вест е заинтересираноста на меѓународната заедница за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

-ЕУ е сѐ уште свртена кон себе и вниманието е преокупирано со кризата со Украина, но потребен е зголемен ангажман со земјите од Западен Балкан, бидејќи тука има уште многу работа, вели претседателот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button