ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пендаровски донесе одлука за помилување осудени лица, меѓу нив и Фета Алими

Поранешниот член на Собраниското обезбедување, воедно и човекот кој на 27 април во Собранието му го спаси животот на лидерот на Алијанса на Албанците, Зиадин Села, Абдилфета Алими денеска се најде на списокот на помилуваните лица од претседателот Стево Пендаровски.
На Алим делумно му се простени 8 месеци.
Тој е осуден на 7 години затвор, мерка која ја издржува од март 2019 година.