ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пендаровски: ЕУ интеграциите немаат алтернатива, но имаат своја цена

Евроинтеграциите немаат алтернатива, но имаат своја цена, рече меѓудругото во своето годишно обраќање претседателот Стево Пендаровски.
„Ако таа цена значи откажување од нашиот идентитет, не гледам политичар кај нас кој ќе сака да го продаде својот народ за такви европски интеграции. Неодамна, со апсолутен консензус, усвоената резолуција во ова Собрание за македонските државни позиции е доволно индикативна во таа насока“, реле Пендаровски.