ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новата амбасадорка на САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Прајс Агелер, порачувајќи оти таа ќе ја ужива неговата и поддршката на целиот негов тим во вршењето на дипломатските должности.

Advertisements

Во обраќањето претседателот истакна дека неколку години наназад политичкиот дијалог меѓу САД и Северна Македонија се одвива на повеќе нивоа, а од особено задоволство е фактот што оваа година е започнат Стратешкиот дијалог, како прва земја од Западен Балкан.

Пендаровски се заблагодари и за досегашната поддршка од САД за започнување на пристапните преговори на земјава со ЕУ, а таквата поддршка, како што кажа, е значајно охрабрување за продолжување и интензивирање на реформскиот процес и за натамошна демократизација на нашето општество.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button