ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Големи се шансите да се кандидирам

Сè поизвесно е дека претседателот Стево Пендаровски ќе се кандидира за уште еден мандат. Тој за 360 степени не ја коментираше трката во СДСМ, велејќи дека не е член на партијата. Имено, некои од имињата за т.н. консензуален кандидат номиниран од СДСМ, а поддржан и од други партии, меѓу кои и ДУИ, се Пендаровски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Advertisements

СДСМ сè уште го нема потврдено кандидатот, ниту ВМРО-ДПМНЕ. Неофицијално анкетите повторно ја изнесуваат на површина Гордана Сиљановска Давкова која беше против Пендаровски на претходните избори.

Во меѓувреме, албанската опозициска коалиција сè уште анализира за нејзиниот заеднички кандидат.

„Тоа е прашање за кое сè уште се дискутира и дебатира во партиските структури. Верувам дека во догледно разумно време, ќе бидете информирани за одлуките на коалицијата“, рече Фадил Зендели, Движење Беса, Европска сјуз за промени.

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април и 8 мај.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button